Рецепти

Флија
Популарно албанско јадење што може ќе ви одземе повеќе време и енергија, меѓутоа вреди да го испробате
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ТешкоСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(1 Килограм)
Вода(1 Литар)
Сол(1 Кафена лажица)
Путер(или маргарин, 220 грама растопен )
Масло(200 Милилитри)
Јогурт(или кајмак, 5 супени лажици )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 2 часа
- Измешајте ги брашното, солта и водата убаво за да нема грутки. Смесата треба да биде густа како за палачинки, по потреба додајте уште вода.
- Измешајте го растопениот путер (или маргарин) со маслото и јогуртот (или 3 лажици кајмак) и оставете ја смесата 10 минути настрана. Потоа повторно измешајте. На тој начин се подготвува смесата која ќе се става помеѓу двата слоја на тестото за флија.
- Во округла намастена тепсија ставете слој од смесата со брашното употребувајќи кутлача. Не ја покривајте целата површина на тепсијата со смеса, туку ставете слој така што ќе оставите празнини во форма на триаголници помеѓу секоја линија.
- Првиот слој е подготвен и се става во рерна да се испече додека стане златнокафен-околу 3 до 5 минути.
- Извадете од рерна и со помош на четка премачкајте ја печената смеса со смесата од путер. Потоа повторете ја постапката: додајте слој од смесата со брашно на истиот начин – оставајќи празнини во форма на триаголници. Ставете повторно да се пече 3-5 минути.
- Повторувајте ја постапката додека се потрошат смесите. Последниот слој печете го малку повеќе ако сакате да има вкусна кора.
- Сервирајте ја готовата флија со јогурт, кисело млеко или ајран.
*Флијата е уште повкусна ако се приготви наместо во рерна, на оган со сач (вршник).
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во