Рецепти
Флија Ана Ѓорова

Популарно албанско јадење што може ќе ви одземе повеќе време и енергија, меѓутоа вреди да го испробате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 Килограм)

Вода(1 Литар)

Сол(1 Кафена лажица)

Путер(или маргарин, 220 грама растопен )

Масло(200 Милилитри)

Јогурт(или кајмак, 5 супени лажици )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 2 часа

  1. Измешајте ги брашното, солта и водата убаво за да нема грутки. Смесата треба да биде густа како за палачинки, по потреба додајте уште вода.
  2. Измешајте го растопениот путер (или маргарин) со маслото и јогуртот (или 3 лажици кајмак) и оставете ја смесата 10 минути настрана. Потоа повторно измешајте. На тој начин се подготвува смесата која ќе се става помеѓу двата слоја на тестото за флија.
  3. Во округла намастена тепсија ставете слој од смесата со брашното употребувајќи кутлача. Не ја покривајте целата површина на тепсијата со смеса, туку ставете слој така што ќе оставите празнини во форма на триаголници помеѓу секоја линија.
  4. Првиот слој е подготвен и се става во рерна да се испече додека стане златнокафен-околу 3 до 5 минути.
  5. Извадете од рерна и со помош на четка премачкајте ја печената смеса со смесата од путер. Потоа повторете ја постапката: додајте слој од смесата со брашно на истиот начин – оставајќи празнини во форма на триаголници. Ставете повторно да се пече 3-5 минути.
  6. Повторувајте ја постапката додека се потрошат смесите. Последниот слој печете го малку повеќе ако сакате да има вкусна кора.
  7. Сервирајте ја готовата флија со јогурт, кисело млеко или ајран.

*Флијата е уште повкусна ако се приготви наместо во рерна, на оган со сач (вршник).

Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: