Рецепти
Фритата со домати и пиперки
Брз, лесен и вкусен појадок. На здравје!
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 15 минути
- Доматот и пиперката измијте ги и ситно исечкајте ги.
- Јајцата изматете ги со виљушка со биберот и измешајте ги со зеленчуците.
- Додајте издробен кашкавал по желба и ставете ги јајцата да се пржат во тефлонска тава со малку масло. Пржете ги на тивко 5 минути.
- Кога ќе фатат коричка од едната страна, префрлете ги внимателно на чинија, па превртете ги да се испржат од другата страна уште 5 минути. Издрендајте кашкавал одозгора додека се пржат, па притиснете го да се растопи.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во