Рецепти
Грчка супа со ориз и пилешко Ана Ѓорова

Грчки традиционален рецепт за супа (грчки: Αυγολέμονο) што е одличен оброк и е многу лесна за јадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Маслиново масло(2 Супени лажици)

Кромид(1 Главица)

Пилешка супа(5 Чаши)

Ориз(1/2 Чаша)

Пилешко месо(450 Грама)

Сол

Свеж сок од лимон(3 Супени лажици)

Јајце(3 )

Свеж магдонос

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Во тенџере загрејте го маслото и пропржете го сечканиот кромид 4-5 минути додека омекне.
  2. Во меѓувреме во друго тенџере посебно сварете го оризот во солена вода.
  3. Во тенџерето со кромидот додајте ја пилешката супа и 1 чаша вода.
  4. Откако ќе биде сварен оризот, исцедете го и додајте го во тенерето со кромидот и со супата.
  5. Пилешкото месо исечкајте го и додајте го и него во тенџерето, па варете го сето тоа додека пилешкото убаво омекне и се свари. Посолете по вкус.
  6. Во друг сад изматете ги со виљушка јајцата и лимоновиот сок. Со непрекинато матење додавајте ги јајцата во тенџерето и мешајте.
  7. Тргнете го тенџерето од оган и послужете ја супата со сечкан магдонос.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: