Рецепти
Капоната
Вкусен сицилијански рецепт што е многу лесен за јадење, а може да биде гарнир или главно јадење
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Модар патлиџан(600 Грама)
Целер(100 Грама)
Кромид(1 Главица)
Зелени маслинки(80 Грама)
Каперси(25 Грама)
Домат(200 Грама)
Концентрат од домат(1 Супена лажица)
Шеќер(1 Супена лажица)
Оцет(1 мала шолјичка за кафе )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
- Модрите патлиџани измијте ги, исушете ги и исечкајте ги на коцки, па пржете ги во тава со доста масло. Потоа исцедете ги од вишокот маснотија и оставете ги настрана.
- Кромидот исечкајте го и пропржете го во тавата заедно со целерот.
- Откако зеленчуците ќе омекнат, додајте ги каперсите и исчистените маслинки и пржете уште неколку минути.
- Потоа додате ги сечканите домати и концентратот, измешајте добро и на крај откако смесата ќе зоврие додајте ги модрите патлиџани.
- Додајте го оцетот, претходно растопете во него лажица шеќер, па мешајте ја капонатата уште кратко на оган и послужете ја.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во