Рецепти
Карамел-крушки
Изненадете ги гостите со раскошен и вкусен десерт од круши полнети со карамела
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Шеќер во прав(120 Грама)
Бадеми(100 Грама)
Слатка павлака(3 Децилитри)
Круша(4 )
Бело вино(1/4 Литар)
Шеќер(50 Грама)
Рендана кора од лимон(1-2 Кафени лажици)
Цимет(1-2 Кафени лажици)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Шеќерот во прав загрејте го во тенџере на оган, мешајте и кога ќе почне да се готви, додајте ги бадемите кои се лупени и исечкани на ленти. Пржете ја смесата со непрекинато мешање додека не добие златнокафена боја.
- Потоа постепено со мешање додавајте 1/8 литар од слатката павлака и продолжете со готвењето додека не добиете густа смеса.
- Крушите излупете ги и преполовете ги, издлабете ги и исчистете ги од внатре, па ставете ги во тенџере на оган да се готват со виното, шеќерот, малку кора од лимон и цимет. Гответе со мешање околу 8-10 минути.
- Потоа крушите исцедете ги и наполнете ги со смесата од карамела. Послужете ги во стаклени садови и украсете со матена слатка павлака.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во