Рецепти
Ќофтиња од леќа и ленено семе
Ќофтињата се вкусни и топли и ладни, а послужете ги со сезонска салата или со свежи стапчиња зеленчук
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Леќа(7 Супени лажици)
Кромид(1 Главица)
Лук(4 Чешниња)
Морков(1 поголем )
Ленено семе(мелено 5 лажици )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Леќата и излупениот морков варете ги во тенџере со вода околу 20 минути, па откако леќата ќе омекне, исцедете ја.
- Морковот изрендајте го и посолете го, па зачинете го со куркума, бибер, црвен пипер и изрендани лук и кромид.
- Добро соединете ја смесата и додајте го лененото семе, па мешајте додека добиете хомогена смеса од која ќе може да обликувате ќофтиња. По потреба додајте уште ленено семе.
- Ќофтињата наредете ги во плех обвиткан со хартија за печење и печете ги во загреаната рерна 20 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во