Рецепти
Ќофтиња со пилешко и пармезан
Лесно и вкусно јадење што може да го послужите со омилениот сос и со свежа салата
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пилешки гради(1 Килограм)
Јајце(1 )
Лебни трошки(2-3 Супени лажици)
Рендан пармезан(50 Грама)
Брашно(200 Грама)
Лук(1 Чешне)
Кромид(1 Главица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Пилешките гради и главицата кромид (исечкана на парчиња) сомелете ги во машина за мелење месо и ставете ги во длабк сад.
- Во садот со месото и кромидот додајте жолчка, вегета, рендан пармезан, брашното, 2-3 лажици лебни трошки и изгмечено чешне лук.
- Зачинете со сол и бибер и измешајте додека смесата се соедини.
- Од смесата формирајте ќофтиња, извалкајте ги во брашно и пржете ги на загреано масло во тава на оган.
- Откако ќе поруменат од двете страни, ќофтињата ставете ги на чинија обложена со хартија за да се исцедат од вишокот маснотија.
- Послужете ги веднаш со павлака, тартар сос или со свежа салата по избор.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во