Рецепти
Колач од банана
Вкусен и брз колач кој совршено оди со шолја кафе
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(6 )
Шеќер во прав(250 грама + 6 лажици )
Масло(1 Децилитар)
Брашно(6 Супени лажици)
Прашок за печиво(1/2 Пакување)
Џем од портокал(по потреба )
Банана(1 Килограм)
Маргарин(250 Грама)
Млеко(5 Децилитри)
Пудинг од ванила(2 Пакувања)
Црно чоколадо(100 Грама)
Слатка павлака(5 Децилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
ТЕСТО:
- Жолчките и 6 лажици шеќер во прав пенасто изматете ги со миксер, па додајте го маслото и измешајте со лажица додека смесата се соедини.
- Белките посебно изматете ги со миксер во цврст снег, па соединете ги постепено со жолчките и на крај додајте го брашното измешано со прашакот за печиво.
- Смесата сипете ја во соодветен калап за печење обложен со хартија и печете на 175°C, 20-25 минути.
- Оставете малку да се олади, па премачкајте со џем од портокал.
ФИЛ:
- Со миксер пенасто изматете го маргаринот со 250 грама шеќер во прав.
- Пудингот сварете го со млекото (може да употребите и прав за пудинг со вкус на слатка павлака или друг по желба).
- Откако ќе се олади пудингот, лажица по лажица измешајте го со изматениот маргарин.
- Изрендајте 60 грама чоколадо и измешајте ја со кремот.
- Бананите излупете ги, преполовете ги и наредете ги на тестото. Врз нив нанесете од филот, па премачкајте со изматена слатка павлака.
- Оставете на ладно место да се стегне колачот, па потоа одозгора декорирајте со чоколадо во прелив, свежи парчиња банана и со остатокот од ренданото чоколадо.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во