Рецепти
Компири на пареа
Компирите на овој начин се многу вкусни, а се одлични за гарнир со разни јадења
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Компирите ги лупиме и ги сечкаме на коцки, исто така и морковите. Ги ставаме во тенџере малку да се поварат со масло и сол околу 5-10 минути.
- Кромидот го сечкаме и го ставаме во тава со масло да се пропржи. Му додаваме малку вода и го оставаме така додека убаво да омекне.
- Откако е готов кромидот, му ги додаваме компирите и морковите, ги ставаме солта, вегетата, нането, црвениот пипер и убаво мешаме.
- На смесата ја долеваме течноста од компирите и морковите, ставаме масло, промешуваме и оставаме 10-15 минути да изврие течноста, за тоа време промешуваме 2-3 пати да не загори.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во