Рецепти
Крап на преспански начин
Специјалитет од преспанскиот крај
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Крап(2 Килограми)
Сланина(150 Грама)
Целер(1 )
Кромид(2 Главици)
Домат(1 )
Морков(200 Грама)
Свеж магдонос(1 Китка)
Маслиново масло(2-3 Супени лажици)
Сол(1 Кафена лажица)
Бибер(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
- Во тава на оган загрејте маслиново масло, а потоа додајте исечкани моркови, целер и кромид.
- Исечкајте ја сланината и пропржете ја во тавата со зеленчукот. Наросете мелен црн пипер и сол и мешајте.
- Половина од смесата во тавата извадете ја и тргнете ја во чинија настрана, а во тавата додајте исечкан домат и промешајте.
- Исчистениот крап засечете го на неколку места и шпикувајте го со парчиња сланина и потоа полнете го со претходно приготвената смеса од тавата. Додајте и сечкан магдонос по желба.
- Во тава за печење ставете масло и додајте половина од филот во чинијата, а потоа ставете го полнетиот крап.
- Налејте одозгора вино и вода и уште малку маслиново масло, па ставете да се пече 60-тина минути на температура од 200°C. Преспанскиот крап послужете го на чинија со преливот во кој се подготвуваше и декорирајте со парчиња лимон и магдонос.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во