Рецепти
Кременадли на хартија (хроно)
Одличен ручек или вечера доколку ја почитувате хроно исхраната
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- Зачинете ги кременадлите по вкус и посипете ги малку со мелена лута пиперка (по желба). Загрејте масло, додајте црн пипер и зрно ловоров лист и полека ставете го месото. Пржете ги кременадлите неколку минути да заруменат од двете страни и да добијат убава коричка.
- Од хартијата за печење исечете 4 поголеми квадрати и на средина ставете по една кременадла.
- Исечете ја пиперката на ленти и наредете ја покрај месото. Кромидот исечете го на осминки и наредете го во близина на зеленчукот. Потоа полијте со маслото во кое се пржеле кременадлите и завиткајте ги во хартија. Убаво наместете ги краевите од хартија да не се отворат за време на печењето.
- Наредете ги на плех и печете ги на 200 степени околу 30 минути. Пред крај на печењето отворете ја хартијата за месото убаво да се запече.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во