Рецепти
Крцкави полнети палачинки Ана Ѓорова

Палачинките може да ги направите за вечера или како предјадење за гостите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(8 )

Млеко(700 Милилитри)

Брашно(400 Грама)

Шунка(300 Грама)

Кашкавал(150 Грама)

Биено сирење(100 Грама)

Урда(250 Грама)

Кисела павлака(500 Грама)

Свеж магдонос

Мајонез(2 Супени лажици)

Лебни трошки(200 Грама)

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

Палачинки:

  1. Четири јајца се матат со миксер.
  2. Наизменично се додава од млекото и брашното за да се добие смеса со густина на јогурт.
  3. Потоа со црпалка се истура во намастено тефлонско тавче и се пржат палачинки од двете страни. Со оваа смеса излегуваат околу 30 палачинки.

Фил:

  1. Кашкавалот и сирењето се рендаат, а шунката се сечка на ситни коцки.
  2. Урдата се меша со павлаката и со мајонезот и во неа се мешаат и другите состојки.
  3. На крај се додава и ситно сечкан магдонос.

Финална постапка:

  1. Готовите палачинки се полнат со филот, но се внимава да не истече филот при пржењето.
  2. Вака приготвените палачинки се потопуваат во останатите 4 матени јајца, а потоа во лебни трошки и се пржат во врело масло.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: