Рецепти
Куглов од шпагети Ана Ѓорова

Креативна „торта“ од шпагети со мелено месо и доматен сос за вкусен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шпагети(500 Грама)

Мешано мелено месо(350 Грама)

Доматно пире(400 Милилитри)

Рендан пармезан(или ситно рендан овчи кашкавал 200 г )

Кромид(1 Главица)

Лук(3 Чешниња)

Морков(2 )

Вегета

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и испржете ги. Откако ќе омекнат, додајте го изренданиот морков и промешајте.
  2. Потоа додајте го и меленото месо и зачинете со зачини по вкус.
  3. Откако месото ќе се испржи, се додава доматното пире и убаво се промешува за да месото го впие сокот од доматите. Тргнете настрана.
  4. Во тенџере зовријте вода со малку масло и сол. Откако водата ќе зоврие, додајте ги шпагетите и варете ги.
  5. Потоа исцедете ги и половина од шпагетите ставете ги во калап за куглов, премачкан со маргарин.
  6. Врз шпагетите изрендајте кашкавал или пармезан, па истурете од смесата со месо.
  7. Врз смесата повторно се ренда кашкавал и на крај се става другата половина од шпагетите.
  8. Одозгора наросете уште кашкавал и печете во загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути.
  9. Тортата од шпагети извадете ја од рерна и оставете ја 10-тина минути да се излади, исечете и сервирајте.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: