Рецепти
Лава колач со бело чоколадо и малини Ана Ѓорова

Мек колач со овошен прелив и течно чоколадо во средината – одлична комбинација што нема да ве остави рамнодушни

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бело чоколадо(125 грама + 6 коцкички )

Путер(100 Грама)

Шеќер во прав(100 Грама)

Јајце(3 )

Брашно(70 Грама)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Малини(100 Грама)

Шеќер(30 грама (за преливот) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минутии

  1. Во тенџере на тивок оган растопете ги путерот и белото чоколадо.
  2. Тргнете од оган, додајте го шеќерот во прав и мешајте со жица за матење.
  3. Додајте ги јајцата едно по едно и продолжете да мешате со жицата за матење додека добиете хомогена смеса.
  4. На крајот додајте ги и брашното и ванилата и мешајте.
  5. Смесата претурете ја во калапи за мафини (претходно премачкајте ги со путер), во средината на секое колаче ставете по коцка бело чоколадо.
  6. Печете во веќе загреана рерна на 200°C околу 12-14 минути.

*Времето на печење може да биде и помалку. Направете проба и прво печете еден мафин, видете колку време е потребно за да колачето се испече, а сепак да биде течно како пудинг во средината. Готови се кога на површината ќе почнат да фаќаат малку коричка.

7. Во меѓувреме правете го сосот од малини: во блендер изблендирајте ги малините со шеќерот и готовите колачи прелијте ги со сосот.

Јафа бомбици
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Шеќерни прженки
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Смути од јапонски јаболки и круши
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Експрес-пилешко со зеленчук
Сусам топчиња
Пилешки џигер во пиво
Колачиња зелени елки
Пилешко со лимон
Кнедли од крем сирење
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Ролат со кокос
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Топчиња од палента
Чај со јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: