Рецепти
Лазањи со риба
Превкусни кремасти лазањи со риба и спанаќ кои може да ги подготвите со било каква риба
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Лазањи-готови(141 Грама)
Спанаќ(4 Чаши)
Домат(2 )
Копар(2 Супени лажици)
Рибји филети(2 Чаши)
Едамер кашкавал(1 Чаша)
Путер(3 Супени лажици)
Брашно(1/4 Чаша)
Млеко(1 1/2 Чаша)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 90 минути
- Лазањите сварете ги според упатството, а потоа тргнете ги на страна за да се исушат (на крпа).
- За бешамелот, стопете го путерот во едно тавче, додајте го брашно и пржете го додека не добие златна боја. Полека додавајте го млекото и мешајте постојано. Гответе на ниска температура околу 5 минути од кога ќе почне да врие. Зачинете со сол, бибер и морско оревче.
- Измијте го спанаќот, ставете го да се вари во покриено тенџере околу 2 минути, потоа тргнете го и исцедете го од водата.
- Доматите бланширајте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцкички. Потоа додајте ги во бешамелот заедно со спанаќот. Рибите кои се на исечкани на парчиња зачинете ги со сол.
- Тава за печење премачкајте ја со путер и наредете ги лазањите. Одозгора ставете половина од рибата и половина од бешамелот. Потоа наредете уште еден ред лазањи, па останатиот дел од рибата и бешамелот. Одозгора поросете со рендан едамер кашкавал и ставете ги лазањите да се печат во загреана рерна околу 35 минути.
- Послужете ги веднаш.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во