Рецепти
Летен пудинг Ана Ристеска

Без да месите тесто и без печење, овој aнглиски овошен десерт е одличен за во летните денови.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Леб(450 Грама)

Малини(6 Чаши)

Црвени рибизли(2 Чаши)

Капини(2 Чаши)

Шеќер(1 Чаша)

Цимет(3/4 Кафена лажица)

Сол(1/4 Кафена лажица)

Маскарпоне сирење(170 Грама)

Хопла(1 Чаша)

Вода(1/4 Чаша)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 25 минути

  1. Наредете ги ѕидовите и дното на еден длабок сад со кришки леб, така што садот од нигде нема да наѕирка.
  2. Во тавче на средна температура ставете ги малините, црвените рибизли, боровинките, циметот, шеќерот и водата. Гответе ги додека овошките не омекнат и почнат да испуштаат сокови. Мешајте повремено и внимавајте смесата да не зоврие. Кога ќе завршите со готвење, тргнете го садот настрана околу 10 минути за да се олади
  3.  Вака оладениот фил, ставете го во садот обвиен со леб.
  4. Одозгора ставете уште неколку кришки леб за целосно да биде затворено и со некоја чинија која има помал дијаметар од садот притиснете го пудингот одозгора и во таа чинија ставете некој потежок предмет, како лименка на пример и ставете го садот да отстои во фрижидер преку ноќ.
  5. Утредента, измешајте ги маскапроне сирењето и хоплата со електричен миксер. Садот со пудингот извадете го од фрижидер, внимателно превртете го на чинија и послужете го со кремот од сирење и хопла.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: