Рецепти

Локумадес – крофни
Грчки мини-крофни со прелив од мед, цимет, ореви и сусам
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Белка од јајце(2 )
Грчки јогурт(1 Чаша)
Брашно(3 Чаши)
Квасец(1/2 Супена лажица)
Виски(1 Супена лажица)
Мед(1/4 Чаша)
Вода(1/4 Чаша)
Цимет(1 Прстофат)
Сусам(1 Прстофат)
Сечкани ореви(1 Прстофат)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 15 минути
- Ставете ги медот и водата да се варат додека не зовријат.
- Во сад ставете ги јогуртот и белките од јајце и убаво соединете ја смесата со мешалка. Во друг сад ставете ги брашното и квасецот и додајте ги во садот со белките од јајце, па додајте виски. Убаво измешајте ја смесата за да се соедини.
- Во подлабок сад за пржење ставете повеќе масло – да биде над крофните. Кога малку ќе се загрее маслото, ставете од тестото 2 супени лажици во тавата, превртувајте и пржете додека не добијат потемна боја. Потоа ставајте ги готовите крофни во чинија покриена со салфета за да се исцеди маслото.
- Кога ќе се испржат сите крофни, ставете им од смесата со мед и наросете со цимет, сусам и сечкани ореви.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во