Рецепти
Мафини со какао и јагоди
Лесни и брзи колачи за љубителите на чоколадниот вкус во комбинација со овошје
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(100 Грама)
Шеќер(100 Грама)
Какао(25 Грама)
Прашок за печиво(1/2 )
Млеко(80 Милилитри)
Јајце(1 )
Масло(30 Милилитри)
Цимет(1 Прстофат)
Јагоди(6 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40минути
- Во еден сад ставете го брашното, какаото, шеќерот, циметот и печивото.
- Во друг сад изматете ги јајцето, маслото и млекото.
- Соединете ги состојките во поголем сад и добро мешајте ги со дрвена лажица.
- Смесата ставете ја во калапи за мафини (претходно премачкани со маргарин) и во средината на секој мафин ставете по една јаготка. Не ги преполнувајте калапите до горе – оставете малку простор бидејќи при печењето колачите ќе се зголемат.
- Печете ги во рерна на 180 степени (претходно загреана) околу 20 минути.
- Оставете ги да се оладат, па потоа премачкајте ги колачите со по една лажичка прем одозгора и послужете ги.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во