Рецепти

Маринирани шампињони
Шампињони во тегли со оцет и зачини, кои може да ги употребувате по потреба како гарнир со главните јадења или како ужина
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Свежи шампињони(500 Грама)
Оцет(0.5 Литар)
Вода(1 Литар)
Сол(1 Кафена лажица)
Бибер(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Шампињоните измијте ги и исечете ги по желба, ако се помали може да не ги сечете.
- Во тенџере на оган ставете вода, оцет, сол и шеќер и откако водата ќе зоврие додајте ги шампињоните. Гответе ги 3 до 5 минути.
- Готовите маринирани шампињони ставете ги во чисти тегли, прелијте ги во течноста во која се готвеа. Додајте неколку ловорови листови.
- Теглите затворете ги и оставете ги да се оладат. Шампињоните чувајте ги на ладно место и употребувајте ги по потреба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во