Рецепти
Мек колач со вишни
Колач кој е многу мек и вкусен, а одозгора е со шербет од вишни. Одлично оди со кафе или со чаша млеко.
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Путер(или маргарин 4 лажици (за шербетот) )
Шеќер(150 грама (за шербетот) )
Вишни(400 грама (за шербетот одозгора) )
Брашно(1 и пол чаша )
Прашок за печиво(1 )
Ванилин шеќер(1 )
Сол(1/4 Кафена лажица)
Шеќер(1 Чаша)
Путер(или маргарин 8 Супени лажици)
Јајце(2 големи )
Млеко(1/2 Чаша)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Сите состојки извадете ги од фрижидер, треба да бидат на собна температура пред подготовка.
- Најпрвин подгответе го шербетот од вишни: вишните убаво измијте ги, исчистете ги од семките и ставете ги во сад настрана заедно со течноста што ќе ја испуштат.
- Потоа во кружна тепсија ставете 4 лажици путер (или маргарин) и 150 г шеќер. Тепсијата ставете ја на рингла на умерен оган и мешајте додека шеќерот малку се згусне и растопи.
- Почекајте кратко малку да се олади, па одозгора истурете ги вишните заедно со течноста и распоредете низ целата тава.
- Во сад измешајте ги брашното, печивото, ванилиниот шеќер и солта.
- Во друг поголем сад со миксер изматете 1 чаша шеќер со 8 лажици путер додека добиете пенаст состав (матете околу 4-5 минути на најсилно).
- Потоа постепено додавајте ги жолчките една по една и матете.
- Млекото малку загрејте го да биде млако, па и него додајте го во садот, намалете ја јачината на миксерот и матете.
- На крај додајте ги сувите состојки (брашното, печивото, ванилата и солта) и мешајте додека добиете убава, кремаста, хомогена смеса.
- Во друг сад посебно пенасто изматете ги белките од јајце со 1 лажица шеќер. Потоа додајте ги во смесата со брашното и останатите изматени состојки и измешајте со лажица.
- Смесата претурете ја во тепсијата врз вишните, убаво распоредете со лажицата и ставете го колачот да се пече во веќе загреана рерна на 180°C.
- Печете околу 20-25 минути, ќе проверите кога ќе фати колачот коричка може треба и 30 минути, па потоа покријте го одозгора со хартија за печење за да се допече и во внатрешноста уште околу 15 минути. Боцнете со чепкалка за да проверите дали е печен, ако излезе чиста тогаш извадете го од рерна.
- Колачот превртете го врз хартијата за печење или во сад за торти (шербетот од вишни што го ставивте на дното да дојде одозгора), оставете 5-10 минути да се олади, посипете го со шеќер во прав, па послужете го.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во