Рецепти
Мек колач со вишни Ана Ѓорова

Колач кој е многу мек и вкусен, а одозгора е со шербет од вишни. Одлично оди со кафе или со чаша млеко.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Путер(или маргарин 4 лажици (за шербетот) )

Шеќер(150 грама (за шербетот) )

Вишни(400 грама (за шербетот одозгора) )

Брашно(1 и пол чаша )

Прашок за печиво(1 )

Ванилин шеќер(1 )

Сол(1/4 Кафена лажица)

Шеќер(1 Чаша)

Путер(или маргарин 8 Супени лажици)

Јајце(2 големи )

Млеко(1/2 Чаша)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Сите состојки извадете ги од фрижидер, треба да бидат на собна температура пред подготовка.
  2. Најпрвин подгответе го шербетот од вишни: вишните убаво измијте ги, исчистете ги од семките и ставете ги во сад настрана заедно со течноста што ќе ја испуштат.
  3. Потоа во кружна тепсија ставете 4 лажици путер (или маргарин) и 150 г шеќер. Тепсијата ставете ја на рингла на умерен оган и мешајте додека шеќерот малку се згусне и растопи.
  4. Почекајте кратко малку да се олади, па одозгора истурете ги вишните заедно со течноста и распоредете низ целата тава.
  5. Во сад измешајте ги брашното, печивото, ванилиниот шеќер и солта.
  6. Во друг поголем сад со миксер изматете 1 чаша шеќер со 8 лажици путер додека добиете пенаст состав (матете околу 4-5 минути на најсилно).
  7. Потоа постепено додавајте ги жолчките една по една и матете.
  8. Млекото малку загрејте го да биде млако, па и него додајте го во садот, намалете ја јачината на миксерот и матете.
  9. На крај додајте ги сувите состојки (брашното, печивото, ванилата и солта) и мешајте додека добиете убава, кремаста, хомогена смеса.
  10. Во друг сад посебно пенасто изматете ги белките од јајце со 1 лажица шеќер. Потоа додајте ги во смесата со брашното и останатите изматени состојки и измешајте со лажица.
  11. Смесата претурете ја во тепсијата врз вишните, убаво распоредете со лажицата и ставете го колачот да се пече во веќе загреана рерна на 180°C.
  12. Печете околу 20-25 минути, ќе проверите кога ќе фати колачот коричка може треба и 30 минути, па потоа покријте го одозгора со хартија за печење за да се допече и во внатрешноста уште околу 15 минути. Боцнете со чепкалка за да проверите дали е печен, ако излезе чиста тогаш извадете го од рерна.
  13. Колачот превртете го врз хартијата за печење или во сад за торти (шербетот од вишни што го ставивте на дното да дојде одозгора), оставете 5-10 минути да се олади, посипете го со шеќер во прав, па послужете го.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: