Рецепти
Наут во црвен сос Ана Ѓорова

Брза и едноставна подготовка на наутот што е одличен ручек или вечера. Може да го сервирате на разни начини: со печени лепчиња, со ориз или како сос со тестенини.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Наут(420 Грама)

Црни маслинки(4-5 )

Маслиново масло(1 Супена лажица)

Кромид(1 Главица)

Црвена пиперка(1/2 )

Лук(3 Чешниња)

Доматно пире(800 Грама)

Доматен сос(60 Грама)

Шеќер(1 Супена лажица)

Сол(по вкус )

Црвен пипер(2 Кафени лажици)

Кумин(мелен, 1 Кафена лажица)

Чили во прав(2 Кафени лажици)

Цимет(1/4 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Наутот, ако е готов и сварен од конзерва, исцедете го и исушете го. Во спротивно, ако треба да го варите, претходно оставете го преку ноќ да отстои во вода, а утредента сварете го со малку сол, исцедете го, исушете го и тргнете го настрана.
  2. Во тава на оган загрејте маслиново масло, па пропржете ги исечканиот кромид, лукот и пиперката околу 4-5 минути со постојано мешање.
  3. Додајте ги доматното пире (или исечкани домати, посолени) и доматниот сок и зачинете со шеќер, сол, кумин, црвен пипер, чили во прав или лута буковка, цимет. Мешајте да се соединат состојките.
  4. Откако ќе зоврие смесата, гответе на умерен оган околу 2-3 минути со мешање, па додајте ги наутот и маслинките. Измешајте, па намалете го огнот и гответе го јадењето 15-20 минути.
  5. Вкусете дали фали сол или некој друг зачин, па потоа сервирајте го јадењето со крцкаво лепче, може како сос со тестенини или со ориз. Гарнирајте по желба со уште маслинки, коријандер или магдонос и со лимон.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: