Рецепти
Новогодишни колачи елки Ана Ѓорова

Празнични и вкусни, чоколадни колачиња во форма на елки кои се подготвуваат навистина лесно и со достапни состојки, а се прекрасни на изглед и вкус

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Црно чоколадо(200 Грама)

Путер(175 Грама)

Какао(2 Супени лажици)

Прашок за печиво(1 Кафена лажица)

Лешник(60 Грама)

Сол(1 Прстофат)

Брашно(100 Грама)

Јајце(2 )

Шеќер(200 Грама)

Свеж сок од лимон(неколку капки )

Белка од јајце(1 )

Шеќер во прав(150 Грама)

Сина прехранбена боја

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Растопете го чоколадото заедно со путерот во тенџере на среден оган. Постојано мешајте додека добиете хомогена смеса.
  2. Кога ќе се растопи чоколадото, во тенџерето измешајте го какаото, мешајте да нема грутки и тргнете настрана да се подолади.
  3. Во друг сад со миксер изматете ги јајцата и шеќерот. Откако убаво ќе изматите, постепено додавајте го чоколадото и миксирајте.
  4. Брашното измешајте го со печивото и со солта и додајте ги на смесата со чоколадо, постојано мешајќи со лажица или жица за матење. Мешајте за да нема грутки.
  5. На крај додајте ги ситно сечканите лешници во смесата и повторно измешајте.
  6. Прелијте ја смесата во сад (димензии 20см х 28см), обложен со хартија за печење и печете на 180°C, 20 минути.
  7. Оставете го колачот неколку минути да се подолади и потоа со метални садови за колачи во форма на елки, формирајте ги колачињата. Ако немате готови форми, пробајте сами: со нож преполовете го колачот, па сечете прво еднакви триаголници (со димензии 7-8 см и должина 9 см), па правете мали засеци од триаголниците за да добиете форма на елка.
  8. Декорација: белката од јајце изматете ја со миксер во цврст снег заедно со шеќерот во прав и неколку капки лимонов сок. Добиената смеса поделете ја во неколку чинивчиња и додајте прехрамбени бои по желба (сина, црвена, портокалова…).
  9. Со готварски шприц декорирајте ги елките на краевите. Ставете и шарени чоколадни бомбони по желба. На крај прицврстете ги колачите со дрвени стапчиња за сладолед и уживајте!
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: