Рецепти
Пилешки копани со сос од бело вино Ана Ѓорова

Динстани копани во превкусен сос за одличен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки копан(10 )

Нишесте (пченкарен скроб)(2 Супени лажици)

Ѓумбир(1/2 Кафена лажица)

Вегета(2 Супени лажици)

Рузмарин(1 Гранче)

Лимон(1 )

Бело вино(100 Милилитри)

Сенф(1 Супена лажица)

Лук(3 Чешниња)

Маслиново масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. На пилешките копани отстранете им ја кожата и ставете ги во длабок сад.
  2. Попрскајте ги со 80 мл маслиново масло, додајте им изрендана кора од лимон, ситно сечкан лук, рузмарин, сол, бибер, ѓумбир, 1 лажица вегета и сенфот, па добро промешајте.
  3. Оставете ги копаните да отстојат во маринадата во фрижидер околу 30 минути.
  4. Потоа извадете ги копаните од садот и пржете ги на загреано маслиново масло во грил тава на оган.
  5. Во садот со маринадата додајте уште 1 лажица вегета, лимоновиот сок и уште сол и бибер по вкус.
  6. Измешајте и додајте 200 мл вода и густинот. Непрекинато мешајте со жица додека густинот се растопи.
  7. Откако копаните ќе поруменат од сите страни, додајте ги виното и маринадата и динстајте ги 30 минути на умерен оган.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: