Рецепти
Пилешко со брокули и соја сос Ана Ѓорова

Лесен и брз ручек со вкусен сос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки гради(450 Грама)

Масло

Брокула(1 Китка)

Свежи шампињони(1 чаша исечкани на листови )

Ѓумбир(свеж ситно сечкан 2 Кафени лажици)

Лук(1 Чешне)

Пилешка супа(или вода 1/4 чаша )

Шеќер(1 Кафена лажица)

Соја сос(1 Кафена лажица)

Масло од сусам(2 Кафени лажици)

Нишесте (пченкарен скроб)(1 Кафена лажица)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Во голема тава за пржење загрејте 1 лажичка масло и пржете ги цветовите од брокули и печурките да омекнат, околу 4-5 минути.
  2. Додајте ги ситно исечканите или сомелени свеж ѓумбир и лук во тавата и пржете уште кратко, околу половина минута.
  3. Извадете ги зеленчуците од тавата, ставете ги во сад настрана и покријте го садот со фолија.
  4. Во тавата загрејте масло и пржете ги пилешките гради, претходно зачинети со сол и бибер и исечкани на парчиња.  Пржете ги од сите страни додека убаво заруменат и се испржат.
  5. Потоа вратете го зеленчукот во тавата, измешајте и пржете ги кратко заедно.
  6. Во друг сад измешајте ги пилешката супа (може и вода), шеќерот, сусамовото масло и соја сосот.
  7. Во друг мал сад измешајте го нишестето со лажица ладна вода.
  8. Во тавата додајте ја мешавината со соја сосот и пржете околу 30 секунди, па додајте ја мешавината со нишестето.
  9. Откако ќе зоврие смесата, гответе додека сосот се згусне.
  10. Сервирајте го јадењето веднаш со варен ориз.
Јафа бомбици
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Шеќерни прженки
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Смути од јапонски јаболки и круши
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Експрес-пилешко со зеленчук
Сусам топчиња
Пилешки џигер во пиво
Колачиња зелени елки
Пилешко со лимон
Кнедли од крем сирење
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Ролат со кокос
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Топчиња од палента
Чај со јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: