Рецепти
Пилешко во сос од горгонзола
Лесен и вкусен рецепт за оние што го сакаат пилешкото на кремаст и сочен начин
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пилешки гради(500 Грама)
Горгонзола(150 Грама)
Маринирани шампињони(100 Грама)
Кисела павлака(200 Милилитри)
Павлака(неутрална 200 мл )
Путер(30 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Пилешките гради исечкајте ги на помали тенки шницли и посолете ги. Зачинете ги и со бибер, па пржете ги на растопениот путер во тава на оган.
- Откако добро ќе се испржат од двете страни, извадете ги парчињата месо од тавата и на истата маснотија пропржете ги кратко шампињоните.
- Додајте ја неутралната павлака и промешајте.
- Горгонзолата исечкајте ја и додајте ја во тавата со зовриената павлака.
- Откако ќе се растопи, во тавата додајте ја киселата павлака и измешајте.
- Во тавата вратете ги испржените парчиња пилешко и пржете уште кратко колку да го впијат вкусот од сосот.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во