Рецепти
Посен куглов со суво овошје
Одличен десерт за со шолја чај
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Вода(1 чаша може и кисела )
Масло(1/2 Чаша)
Шеќер(3/4 Чаша)
Мед(2 Супени лажици)
Брашно(2 и пол чаши )
Какао(2 Супени лажици)
Мелени ореви(3/4 Чаша)
Суво грозје(и друго суво овошје мешано 1 чаша )
Сода бикарбона(1 Кафена лажица)
Шеќер во прав(за посипување )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути
- Водата, маслото, шеќерот и медот зовријте ги во тенџере на оган, а потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете ја течноста да се олади.
- Во сад исечкајте го или сомелете го сувото овошје и измешајте го со брашното, сода бикарбоната, какаото и мелените ореви. Мешајте прво со лажица, па со дланката.
- Изладената течност измешајте ја со сувите состојки убаво да се соединат, па истурете ја во калап за куглов колач претходно премачкан со маргарин.
- Печете во рерна на 190 степени околу 1 час, проверете со дрвена чепкалка дали колачот е печен – боцнете го и ако излезе чиста чечкалицата тогаш е печен.
- Испечениот колач наросете го со шеќер во прав.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во