Рецепти

Профитероли со прелив
Мини еклерчиња со прелив од вино и чоколадо кои се одличен десерт
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Вода(2 Децилитри)
Маргарин(70 Грама)
Брашно(100 Грама)
Јајце(5 )
Жолчка од јајце(2 )
Бело вино(3 Децилитри)
Шеќер(120 Грама)
Црно чоколадо(1 Пакување)
Слатка павлака(2 Децилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Во тенџере на оган ставете ја водата со маргаринот и малку сол.
- Кога водата ќе зоврие, ставете го брашното и мешајте на средна температура додека тестото не почне да се одвојува од садот.
- Тргнете од оган и во тестото постепено ставајте едно по едно јајце, па убаво измешајте со раце. Постепено на истиот начин додајте го и останатото јајце (треба да ставите 3 јајца).
- Со лажица вадете од тестото и ставајте топчиња врз намастена хартија, одделени едно од друго.
- Печете ги профитеролите на 220 степени околу 15 минути или додека добијат убава златножолта боја. За време на печењето не ја отварајте рерната.
- Чоколадото растопете го во тенџере на умерена температура и измешајте ја внатре слатката павлака и една лажица путер. Гответе кратко и мешајте додека да добиете густ прелив.
- Во друг сад измешајте ги жолчките, 2 јајца, белото вино и 120 грама шеќер. Смесата гответе ја на пареа додека не добиете густа пена (околу 10 минути).
- Профитеролите ставете ги во стаклени чаши или стаклен сад, прелијте ги со кремот од чоколадо и со преливот од вино.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во