Рецепти
Пудинг колач со јаболки Ана Ѓорова

Богат колач со два фила од ванила и чоколадо што е вкусна и одлична комбинација за десерт со кој нема да погрешите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(8 )

Шеќер(350 грама + 8 лажици )

Брашно(2 Супени лажици)

Мелени лешници(125 Грама)

Прашок за печиво(2 Кафени лажици)

Млеко(1 Литар)

Пудинг од чоколадо(2 Пакувања)

Пудинг од ванила(1 Пакување)

Путер(250 Грама)

Јаболко(1 Килограм)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Јаболките излупете ги и исечкајте ги на коцки, па распоредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути.
  2. Четири белки изматете ги со миксер и постепено додавајте 4 лажици шеќер.
  3. Потоа додајте половина од мелените лешници и 1 лажица брашно измешана со 1 рамна кафена лажица прашок за печиво.
  4. Нанесете ја смесата во тава со големина 23х33 см и печете 12 минути во рерна загреана на 200 степени. На истиот начин подгответе го и вториот пандишпан.
  5. Прв фил: во тенџере на оган ставете да се варат 200 мл млеко и 200 г шеќер.
  6. Во друг сад измешајте 8 жолчки, 100 мл млеко и пудингот од ванила. Откако млекото во тенџерето ќе зоврие, додајте ги жолчките и сварете фил додека ја добие потребната густина.
  7. Откако филот ќе се излади, додајте 85 г путер и измиксирајте, а потоа додајте ги изладените благи јаболки и полека промешајте со лажица.
  8. Втор фил: во 600 мл млеко додајте 150 г шеќер и ставете ги да зовријат.
  9. Преостанатите 100 мл млеко соединете ги со пудингот од чоколадо, потоа додајте ги во зовриеното млеко и сварете фил.
  10. Откако филот ќе се олади, измешајте 165 г путер и добро измиксирајте.
  11. Во тавата во која се печеа пандишпаните, ставете хартија за печење, па едната кора. Врз кората нанесете половина од филот од чоколадо, па потоа нанесете од филот со ванила и јаболко.
  12. На крај додајте го преостанатиот фил од чоколадо и поклопете со вториот пандишпан.
  13. Оставете го колачот во фрижидер да се излади и да се стегне, најдобро преку ноќ. Украсете по желба со чоколадни трошки, рендано чоколадо или шеќер во прав.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: