Рецепти
Пудинг од јагоди и чиа
Здрав појадок во чаша
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Бадемово млеко(200 Милилитри)
Чиа семе(30 Грама)
Јагоди(150 Грама)
Јаворов сируп(или мед 1 лажица )
Екстракт од ванила(1 Супена лажица)
Шеќер во прав(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 10 минути + 1 час во фрижидер
- Млекото измешајте го со јаворовиот сируп и со екстрактот од ванила.
- Додајте ги чиа семките, измешајте и претурете во стаклени теглички. На тој начин е одличен појадок за носење, а може да сервирате и во обични стаклени чаши.
- Оставете го млекото да отстои во фрижидер најмалку 1 час за да набабрат чиа семките.
- Јагодите измијте ги, исчистете ги и изблендирајте ги со шеќерот во прав.
- Откако чиа пудингот ќе се олади, извадете го од фрижидер и одозгора ставете од изблендираните јагоди.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во