Рецепти
Ракчиња на скара со сос од ананас
Печени ракчиња со тропикал сос од ананас
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Ананас во конзерва(1 Чаша)
Чили сос(3 Супени лажици)
Лук(4 Чешниња)
Оцет(2 Супени лажици)
Зелен лимон(1 )
Шеќер(1/2 Чаша)
Сол(1/2 Супена лажица)
Нишесте (пченкарен скроб)(1 Супена лажица)
Ракчиња(450 Грама)
Ананас(4-5 Парчиња)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Испасирајте го ананасот во конзерва, а сокот ставете го настрана во чаша.
- Испасираниот ананас измешајте го со чили сос, исечкан лук и малку вода или ставете во блендер.
- Пченкарниот скроб измешајте го со 2-3 лажици вода и додајте ја смесата со ананасот, додајте и оцет, шеќер, сол и сок и рендана кора од лимета. Додајте од сокот од ананас доколку сакате поразредена смеса.
- Исчистените ракчиња премачкајте ги со сосот, ставете ги на ражничи, ред ракче, ред свежо парче ананас и печете ги околу 2-3 минути од двете страни. Додајте од останатиот сос врз готовите ракчиња и послужете.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во