Рецепти
Ролат од ајвар Ана Ѓорова

Интересен солен рецепт за вечера

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Ајвар(5 Супени лажици)

Масло(1 Супена лажица)

Брашно(5 Супени лажици)

Јајце(5 )

Павлака(1 Чаша)

Прашок за печиво(1 Пакување)

Сол(1 Прстофат)

Младо кравјо сирење(200 Грама)

Нискомаслена павлака(3 Супени лажици)

Шунка(100 Грама)

Сува везена црвена пиперка(2 )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 45 минути

  1. Скршете ги јајцата и одвојте ги жолчките од белките, потоа со белките миксирајте цврста пена.
  2. Жолчките почнете да ги матите, додајте ја павлаката и повторно миксирајте.
  3. Во оваа смеса од јајца и павлака додајте го просеаното брашно и печивото, посолете и ставете го ајварот и маслото.
  4. Потоа додајте ја цврстата пена и повторно, нежно промешајте.
  5. На тавата за печење ставете хартија и посипете ја смесата рамномерно и печете 10 минути во загреана рерна на 180 степени.
  6. Печениот солен пандишпан ставете го во влажна крпа, свиткајте го во ролат и оставете го да се олади.
  7. За тоа време припремете го филот: измешајте ја павлаката со сувите пиперки и ренданата шунка.
  8. Оладениот пандишпан премачкајте го со подготвениот фил и повторно превиткајте го во ролат.
  9. Исечете го на парчиња и сервирајте.
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Пилешка тава со сланина
Сусам топчиња
Динстано месо со печурки
Рибја чорба од ослич
Пилешко со лимон
Потпечена зелка со наут
Крем салата со колбаси
Триаголници со јаболки и ореви
Рум касато
Корнфлекс пита
Пилешка мусака со сос од рузмарин
Солен куглов со шунка
Колач со три слоја
Пита масленица
Брза салата од брокула
Свинско со свежи буковки
Јагнешко печено со пиво
Риба полнета со праз (посно)
Обланди со бисквити и чоколадо
Коцки со какао
Солени бомбици со маслинки
Чоколадни урми
Бела салата
Полнет крап во рерна
Коцки од гриз и праз
Пита со месо и ајвар
Погача со кулен

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: