Рецепти

‘Ржан леб со семки од тиква
Здрав домашен леб со семки – одличен избор за појадок со намази и додатоци по вкус
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Вода(180 мл млака )
Шеќер(1 Кафена лажица)
Квасец(20 грама свеж )
Сол(1 Кафена лажица)
Брашно(220 Грама)
'Ржано брашно(100 Грама)
Маслиново масло(2 Супени лажици)
Семки од тиква(25 Грама)
Ленено семе(20 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути + 1 час за тестото да стаса
- Во млака вода ставете ги изронетиот квасец, шеќерот и малку брашно, па оставете квасецот да стаса.
- Во друг сад соединете ги белото брашно, ‘ржаното брашно и солта.
- Додајте 180 мл млака вода, стасаниот квасец, маслото и семките, па замесете тесто.
- Ставете го тестото во набрашнет сад и оставете го да стаса.
- По околу 45 минути превртете го тестото во намастена и набрашнета тава и оставете го да отстои уште 15 минути, потоа печете го во загреана рерна на 200 степени, 25-30 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во