Рецепти
Салата од блитва Ана Ѓорова

Салата приготвена на македонски начин која се служи како предјадење или како гарнир со месо

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Блитва(200 Грама)

Брашно(2 Супени лажици)

Млеко(150 Милилитри)

Путер(1 Супена лажица)

Лук(1 Чешне)

Вода(1 Литар)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 25 минути

  1. Во длабок сад се става да зоврие литар вода со малку сол.
  2. Листовите од блитвата се чистат од тврдите дршки, се мијат и се ставаат во зовриената вода.
  3. По 5 минути се вадат со решетка и се ставаат во цедалка да се исцедат.
  4. Откога ќе се исцедат, се сечкаат.
  5. Во тавче на оган се става путерот да се стопи и да зоврие.
  6. Во него се додава брашното и се промешува, па се остава да се испржи и да ја промени бојата во златножолта.
  7. Потоа, се додава лукот и со постојано мешање се налева млекото.
  8. Температурата на оганот се намалува.
  9. Кога млекото ќе се згусти, се додава блитвата и уште кратко време се продолжува со мешање, сè додека не се добие смеса како пире.
  10. Со супена лажица од салатата се вадат парчиња во облик на големи кнедли и се редат во круг во чинијата за сервирање.
  11. Се остава убаво да се излади. Може да наросите и семки за декорација.

 

Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: