Рецепти
Салата од малини и праски со прелив Ана Ѓорова

Овошна салата со прелив од јогурт и бисквити како одлична идеја за богата ужинка во летните денови

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бадеми(2 Супени лажици)

Малини(200 Грама)

Праска(2 )

Свеж сок од лимон(1 Супена лажица)

Сок од портокал(6 Супени лажици)

Шеќер во прав(2 Супени лажици)

Мелени бисквити(50 Грама)

Јогурт(200 Грама)

Ванилин шеќер(1 )

Нане лисја(2-3 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Може да употребите пакување готови, лупени бадеми. Во спротивно, излупете ги бадемите, исечете ги на ленти и во тава на оган без масло згответе ги колку да добијат светлокафена боја. Оставете ги во сад настрана да се оладат.
  2. Малините измијте ги и исцедете ги.
  3. Праските измијте ги, извадете ги семките, а потоа исечете ги на средни парчиња во должина.
  4. Измешајте ги малините и праските во стаклен сад и додајте го свежиот сок од лимон.
  5. Во друг помал сад измешајте го свежиот сок од портокал со шеќерот во прав и додајте ја смесата врз овошјето во стаклениот сад.
  6. За бисквити може да употребите пакување бисквити од бадеми или, пак, обични кекси (по желба). Измелете ги бисквитите. Во сад измешајте ванилин шеќер, јогурт и мелените бисквити.
  7. Прелијте ја овошната салата со смесата од јогуртот, но не мешајте, само додајте ја одозгора. За декорација наросете бадеми и листови свежо нане.

Предлог: промешајте 2 лажици јогурт со 2 лажици мед и ставете го во чаша и во замрзнувач – ќе добиете домашен сладолед од јогурт, кој кога малку ќе се стопи може да го користите за оваа салата.

Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: