Рецепти
Салата со пилешко и компири Ана Ѓорова

Кремаста оброк салата од варено пилешко месо и компири

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки гради(400 Грама)

Пилешка супа(1 Литар)

Морков(1 )

Кромид(1 Главица)

Целер(1 )

Компир(400 Грама)

Кисели краставички(100 Грама)

Мајонез(300 Грама)

Павлака(200 Грама)

Шеќер(1 Прстофат)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Компирите излупете ги и сварете ги во солена вода.
  2. Во друго тенџере ставете ја пилешката супа, сечканиот морков, целер и кромид. Кога ќе почне да врие, ставете ги пилешките гради и варете ги на силен оган околу 15 минути или додека месото убаво омекне и се свари.
  3. Извадете го пилешкото месо од супата и оставете го настрана во чинија да се олади. Компирите исцедете ги и тие исто така оставете ги да се оладат.
  4. Во сад измешајте ги мајонезот, павлаката, зачините и киселите краставички претходно ситно исечкани. Измешајте добро за да добиете хомоген и густ сос.
  5. Компирите исечете ги на коцки и измешајте ги со сосот, а пилешкото месо одделете го на парченца со рацете и него ставете го со кремот и компирите.
  6. Сите состојки измешајте ги добро и послужете ги со сечкани краставички или магдонос.
Јафа бомбици
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Шеќерни прженки
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Смути од јапонски јаболки и круши
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Експрес-пилешко со зеленчук
Сусам топчиња
Пилешки џигер во пиво
Колачиња зелени елки
Пилешко со лимон
Кнедли од крем сирење
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Ролат со кокос
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Топчиња од палента
Чај со јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: