Рецепти
Саварин колач Ана Ѓорова

Француски традиционален колач во прстенеста форма со овошје и шлаг

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Квасец(20 Грама)

Брашно(350 Грама)

Млеко(240 Милилитри)

Јајце(4 )

Шеќер(240 Грама)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Путер(150 Грама)

Рум(1/2 Децилитри)

Бело вино(1 Чаша)

Слатка павлака(2 Децилитри)

Џем од јагоди

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 95 минути

  1. Квасецот издробете го и измешајте го со малку шеќер, брашно и млако млеко или вода. Покријте го со кујнска крпа и ставете го на потопло место за да стаса.
  2. Откако квасецот ќе се зголеми, додајте го во брашното и со млако млеко замесете цврсто тесто. Оставете го тестото покриено на топло место за да стаса.
  3. Јајцата, 140 грама шеќер, солта и ванилиниот шеќер и путерот пенасто изматете ги со миксер и додајте ги во стасаното тесто.
  4. Повторно со дланките замесете тесто и откако убаво ќе го изработите, ставете го во добро намастениот калап за куглоф и оставете да отстои 30 минути додека тестото не го зголеми волуменот.
  5. Печете го колачот во рерна 40 минути на температура од 210°C.
  6. Во меѓувреме подгответе го преливот: измешајте рум, вино и останатата количина од шеќерот и ставете ги во тенџере на оган. Кратко мешајте додека се растопи шеќерот и потоа оставете да се олади.
  7. Печениот саварин извадете го од калапот, оставете да се олади, прелијте го со ладниот прелив, декорирајте со парчиња овошје по желба или премачкајте го со џем, слатко, мармалад од овошје и во внатрешноста додајте матена слатка павлака.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: