Рецепти
Шарена бисквит торта со чоколадо
Брза и лесна ледена и непечена торта
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Млеко(10 Супени лажици)
Шеќер(7 Супени лажици)
Путер(160 Грама)
Мелени бисквити(300 Грама)
Слатка павлака(150 мл + 7 лажици )
Млечно чоколадо(црно 400 Грама)
Бело чоколадо(200 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Во тенџере на оган ставете ги млекото, путерот и шеќерот, па откако ќе се растопат, додајте ги мелените бисквити и мешајте со лажица да се соедини смесата.
- Нанесете ја во тркалезен калап обложен со најлонска хартија и оставете да се лади во замрзнувач 15 минути.
- Во тенџере на оган ставете ги белото чоколадо искршено на парчиња со 7 лажици слатка павлака, па откако ќе се растопат, нанесете ги врз ладниот колач од калапот.
- Врз оваа смеса ставете црн чоколаден фил од топено чоколадо со 150 мл слатка павлака и вратете го калапот во замрзнувач.
- Тортата се служи ладна, пред сервирање се вади од замрзнувач и се остава да омекне барем 15-тина минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во