Рецепти
Шарлота со ореви Ана Ѓорова

Превкусна и едноставна торта за која не треба печење во рерна. Наместо со ореви, можете да ја декорирате и со бадеми – еднакво е убава

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пишкоти(250 Грама)

Чоколадо во прав(250 Грама)

Слатка павлака(3 Децилитри)

Јајце(5 )

Шеќер(120 Грама)

Ореви(20 )

Путер(80 Грама)

Желатин(4 ливчиња )

Какао(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Потопете го желатинот во ладна вода.
  2. Во тенџере на ниска температура мешајте го шеќерот со 2 лажици вода додека сосема се стопи.
  3. Измешајте ги јајцата, па по малку сипајте го топлиот сируп во нив, па долго матете ги додека смесата дибие посветла боја и додека порасне.
  4. На пареа стопете го чоколадото, какаото и путерот, додајте ги сечканите ореви и исцедениот желатин. Измешајте ги во смесата со јајцата.
  5. Во изладената смеса ставете ја слатката павлака.
  6. Калапот обложете го со пишкоти, во средина сипајте го приготвениот крем и ставете го во фрижидер да се стврдне.
  7. Утредента тортата украсете ја со целите јатки ореви и со рендано чоколадо.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: