Рецепти
Шеќер паре
Стар десерт по рецептот на баба кој ќе ве врати во детството
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Маргарин(250 Грама)
Кокосово брашно(100 Грама)
Јајце(1 )
Шеќер(100 Грама + 1 Килограм за шербетот )
Масло(150 Милилитри)
Млеко(100 Милилитри)
Прашок за печиво(1 )
Брашно(500 Грама)
Вода(1 Литар)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- Во тенџере на оган го топиме маргаринот и го ставаме во длабок сад. Ги додаваме брашното, шеќерот, прашокот за печиво, кокосовото брашно, маслото и млекото.
- Јајцето го кршиме и го додаваме во садот. Со рака ги месиме состојките додека не се соединат во тесто. По потреба за да добиеме средно тврдо тесто наросуваме брашно.
- Од тестото на набрашнета работна маса со сукалка развлекуваме кора. Со калап од кората вадиме тркалезни форми и ги редиме на правоаголна тава за печење бр.38.
- Тавата ја ставаме во рерна, печеме на 30 минути на 190 степени и ја вадиме од рерна.
- Започнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот и водата и вариме додека шербетот на ја добие потребната густина.
- Со црпалка изладените колачи ги преливаме со топлиот шербет. Откако ќе го впијат шербетот и ќе се изладат ги служиме на чинија.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во