Рецепти
Школки во вински сос Ана Ристеска

Лесен летен ручек од школки во сос од бело вино на кој нема да можете да му одолеете

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Школки(1 1/2 Килограм)

Вода(150 Милилитри)

Брашно(1 Супена лажица)

Путер(50 Грама)

Магдонос

Јајце(1 )

Ловоров лист(3-4 )

Млеко(150 Милилитри)

Вегета(1 Кафена лажица)

Кромид(1 Главица)

Бело вино(250 Милилитри)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 30 минути

  1. Во тенџере на оган ги налеваме виното и водата и додаваме масло за јадење. Ги додаваме магдоносот, ловоровите листови, главицата кромид и школките. Посолуваме и наросуваме бибер и вегета.
  2. Во тава на оган со растопениот путер го пржиме брашното.
  3. Јајцето го кршиме и ја делиме белката од жолчката. Ја посолуваме жолчката, го налеваме млекото, наросуваме бибер и промешуваме.
  4. По 15 минути варење содржината од тенџерето ја истураме во цедалка, го вадиме зеленчукот, а месото од школките и течноста ги ставаме во тенџере на оган.
  5. Две црпалки од течноста додаваме во тавата со испрженото брашно, потоа содржината од тавата ја додаваме во тенџерето. Ја додаваме и жолчката со млеко, промешуваме и вариме додека сосот не ја добие потребната густина.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: