Рецепти
Шненокли од рерна Ана Ѓорова

Француски млечен десерт со карамел и крем што се подготвува неверојатно лесно

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(6 )

Шеќер(13 лажици + 50 грама за карамелот )

Вода(14 Супени лажици)

Сол

Масло(малку за подмачкување )

Млеко(1 Литар)

Ванилин шеќер(3 Пакувања)

Лимон(1/2 )

Нишесте (пченкарен скроб)(40 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

Колачи:

  1. Белките се матат во цврст снег со прстофат сол и со постепено додавање на 9 лажици шеќер и 9 лажици ладна вода. Се продолжува со матење уште 10 минути додека белките не го удвојат волуменот.
  2. Калапот за куглов се премачкува со масло и се истура снегот од белките. Се пече во загреана рерна на 160 степени точно 12 минути.
  3. На крај малку се подотвара вратата од рерната за да се изедначи температурата со надворешната и на тој начин да се спречи опаѓањето на волуменот на запечениот снег.

Крем:

  1. Жолчките пенасто се матат со жица и постепено се додаваат 4 лажици шеќер, ванилин шеќер, нишесте (или меко брашно тип 400), па внимателно се меша.
  2. Млекото се става да зоврие, се додава смесата од жолчки и се вари на тивко 2-3 минути додека да се згусне.
  3. Се трга од оган и се додава лимонов сок. Се меша и се остава да се излади.

Финална постапка:

  1. Ливчињата бадем малку се потпржуваат на суво во тава, па околу 50 г се посипуваат врз запечениот снег од белки. Ова е опционално, може врз колачот да посипете само карамел.
  2. Во тава се карамелизира 50 г шеќер со 5 лажици вода и се прелива врз снегот од белки.
  3. При сервирање се послужува со кремот.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: