Рецепти
Шпагети во мексикански сос
Зачинети тестенини со мелено месо, црн грав и пченка на мексикански начин
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Мексиканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Шпагети(500 Грама)
Мешано мелено месо(400 Грама)
Домат(3 )
Црн грав(од конзерва 150 грама )
Пченка во конзерва(100 Грама)
Зелена пиперка(1 )
Кромид(1 Главица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Сварете ги шпагетите во зовриена и посолена вода со малку масло, па исцедете ги.
- Во тава на загреано масло пропржете го кромидот, па откако ќе омекне додајте ги исечканите пиперки.
- Оставете го зеленчукот убаво да се запржи, па додајте го меленото месо.
- Мешајте со лажица, па откако и месото ќе се запржи, додајте ги исечканите домати во тавата.
- Зачинете со сол, бибер, додајте 300 мл вода и динстајте.
- Откако ќе испари течноста, додајте ги зрната исцеден грав и пченка заедно со ситно сечканиот магдонос и динстајте уште неколку минути.
- Шпагетите измешајте ги во тенџере со сосот и послужете веднаш.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во