Рецепти
Сочен чоколаден колач со јаболко Ана Ѓорова

Интересен и вкусен десерт што одлично оди со шолја кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(4 )

Шеќер(200 Грама)

Масло(100 Милилитри)

Брашно(200 Грама)

Млеко(100 Милилитри)

Јаболко(4 благи )

Рогач(100 грама мелен )

Прашок за печиво(1 )

Ванилин шеќер(1 )

Црно чоколадо(100 Грама)

Слатка павлака(100 Милилитри)

Цимет(1 Пакување)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Јаболките излупете ги и изрендајте ги на крупно и измешајте ги во сад со циметот и ванилиниот шеќер.
  2. Жолчките изматете ги со миксер заедно со половина од шеќерот. Матете додека шеќерот да се растопи и да добиете кремаста смеса.
  3. Во садот со жолчките додајте ги брашното, мелениот рогач, печивото, маслото и млекото и мешајте со лопатка.
  4. Соединете ги смесата со јаболки и смесата со жолчки и промешајте убаво со лопатката.
  5. Белките изматете ги со миксер со преостанатиот шеќер додека шеќерот се растопи, па и нив измешајте ги во садот.
  6. Правоаголна тава бр. 38 намастете ја со масло и набрашнете ја, па во неа претурете ја смесата за колачот.
  7. Печете го колачот во рерна на 190 степени, 45 минути. Откако ќе се испече, колачот извадете го од рерна и оставете го настрана додека приготвувате прелив.
  8. Чоколадото искршете го и растопете го во тенџере на оган. Додајте ја слатката павлака, мешајте со лажица и откако преливот ќе се соедини, нанесете го врз печениот колач.
  9. Оставете го колачот да се олади и потоа исечете на коцки.
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: