Рецепти

Солени бомбици
Солени бомбици од сирење, компири и шунка
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Сирење(500 Грама)
Компир(2 поголеми )
Јајце(1 )
Урда(50 Грама)
Шунка(200 Грама)
Лебни трошки(100 Грама)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Сварете два поголеми компира, излупете ги и оставете ги да се оладат.
- Сварете и едно јајце, излупете го и оставете да се олади.
- Во меѓувреме изрендајте ги шунката и сирењето и ставете ги во подлабок сад.
- Изрендајте ги и изладените компири и јајцето и додајте ги во садот со шунката и сирењето.
- Додајте ја урдата и бибер и оригано по желба. Измешајте ги сите состојки додека се изедначи смесата.
- Формирајте бомбици со големина на орев, потоа валкајте ги во лебни трошки и ставете ги во фрижидер за да се стегнат, па послужете ги ладни со сос од домати по желба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во