Рецепти
Суви колачи со лешници
Лесни и вкусни крцкави колачиња што се одлични за со шолја чај
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(2 )
Шеќер(180 Грама)
Лешник(100 Грама)
Маргарин(1 )
Црно чоколадо(100 Грама)
Брашно(450 Грама)
Прашок за печиво(малку )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Лешниците се сечкаат и се ставаат во брашното.
- Чоколадото се сече на коцки, па се додава кај брашното и лешниците.
- Од состојките се замесува убаво, изедначено тесто.
- Од тестото се сука подебела кора, потоа со калап за колачи или со тркалезна чаша се вадат форми од тестото.
- Колачите се редат во плех покриен со хартија за печење.
- Се печат на 220 степени околу 15 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во