Рецепти
Свинско филе со сливи Ана Ѓорова

Свинско филе како ролат со суви сливи, сос од павлака и гарнир од брокула

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско филе(500 Грама)

Суви сливи(150 Грама)

Павлака(150 Милилитри)

Хопла(200 Милилитри)

Бело вино(200 Милилитри)

Ракија(50 Милилитри)

Брокула(500 Грама)

Путер(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Свинското филе засечете го по должина, чукнете го со дрвен чук, посолете го и забиберете го.
  2. Отстранете ги семките на сувите сливи, а потоа наредете ги во средина на месото. Завиткајте го месото во ролат, зацврстете го со чепкалка и повторно посолете го.
  3. Во тава на оган ставете малку масло да се загрее и потоа пржете ги свинските ролати од двете страни. Во тавата додајте ги останатите суви сливи, ракијата, белото вино, покријте со капак и оставете да се динста на умерена температура. Тргнете го месото во чинија настрана кога ќе биде готово.
  4. Во тавата каде што се пржеше месото, додајте хопла, павлака, сол, бибер и промешајте. Оставете ја тавата настрана и покријте ја со капак.
  5. Во тенџере зовријте вода и ставете ја брокулата да се обари, а потоа пржете ја во тава со путер.
  6. Месото ставете го на чинија за послужување, прелијте го со сосот од тавата, како гарнир послужете ја брокулата и уживајте.
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Пилешка тава со сланина
Сусам топчиња
Динстано месо со печурки
Рибја чорба од ослич
Пилешко со лимон
Потпечена зелка со наут
Крем салата со колбаси
Триаголници со јаболки и ореви
Рум касато
Корнфлекс пита
Пилешка мусака со сос од рузмарин
Солен куглов со шунка
Колач со три слоја
Пита масленица
Брза салата од брокула
Свинско со свежи буковки
Јагнешко печено со пиво
Риба полнета со праз (посно)
Обланди со бисквити и чоколадо
Коцки со какао
Солени бомбици со маслинки
Чоколадни урми
Бела салата
Полнет крап во рерна
Коцки од гриз и праз
Пита со месо и ајвар
Погача со кулен

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: