Рецепти
Тахини (сос од сусам)
Здрав и лесен намаз од сусам како додаток со месо, зеленчук, печива и слично
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Сусам(140 Грама)
Маслиново масло(2-4 лажици или друго масло по желба пр. кокосово )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од минути 30 минути
- Сусамот ставете го во тава (без масло) на загреана рингла на умерен-тивок оган и печете го.
- Често мешајте го сусамот во тавата да не изгори, 3-5 минути, додека да добие убава, светлокафена боја. Не треба да биде препечен или со темна боја.
- Печениот сусам ставете го врз кујнска крпа или хартија за печење и оставете го да се олади целосно.
- Сусамот ставете го во блендер и блендирајте околу 1 минута додека добиете кремаста смеса.
- Потоа додајте 3 лажици масло (може маслиново, билно, кокосово итн.) и блендирајте уште 2-3 минути додека ја добиете потребната густина на сосот.
- Сосот треба да биде кремаст, без семки од сусамот, па по потреба додајте уште 1 лажица масло и повеќе блендирајте.
- Посолете го сосот по вкус и повторно кратко изблендирајте.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во