Рецепти
Тирамису од диња Ана Ѓорова

Овошна варијанта на класичниот тирамису колач, со испасирани парчиња свежа диња, шлаг од ванила и бадеми

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пишкоти(12 )

Шлаг крем ванила(250 Грама)

Маскарпоне сирење(250 Грама)

Бренди(25 Грама)

Диња(400 Грама)

Шеќер во прав(2 Кафени лажици)

Млеко(3 Супени лажици)

Бадеми(0.5 Шака)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 20 минути

  1. Исчистете ја дињата од семките, исечете ја на парчиња и изблендирајте ја со 2 супени лажици млеко. Оставете да се исцеди сокот околу половина час, а потоа ставете го во посебен сад.
  2. Шлагот подгответе го според упатството на пакувањето и потоа убаво измешајте го со маскарпоне сирењето и бренди или рум. Добиената смеса ставете ја во фрижидер да отстои 15-тина минути.
  3. Извадете ја дињата од фрижидер, во месестиот дел додајте 1 лажичка шеќер во прав, а во другиот сад со течноста додајте уште 1 лажичка шеќер во прав и 1 супена лажица млеко.
  4. Пишкотите издробете ги на покрупни парчиња и натопете ги во сокот од диња.
  5. Во стаклени чаши за послужување, распоредете го најпрвин шлагот, па додајте ги пишкотите и на крај додајте ја дињата. Повторете ја постапката и завршете со слој од шлаг и маскарпоне сирење.
  6. Декорирајте го овој десерт со свежи, ситни парчиња диња, мелени или исечкани бадеми. Ставете во фрижидер 30 минути пред послужување, а потоа уживајте!
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: